Време е за првата победа: Македонија никогаш ја нема победено Молдавија, но и никогаш нема загубено (Фото)

Фудбалската репрезентација на Македонија попладнево ќе го одигра 281-виот официјален натпревар, односно 110-тиот пријателски меч во својата историја. За противник имаме стар познаник, против кого, верувале или не, никогаш не сме победиле, но и никогаш не сме загубиле.

Македонија и Молдавија низ историјата имаат одиграно вкупно три меѓусебни натпревари и сите завршиле нерешено. Серијата мечеви започна во 2000 година, во квалификациите за Светското првенство во 2002, со дуел на гостински терен во главниот град на Молдавија, Кишинев, кој заврши без голови, 0-0. На реваншот следната година во Скопје повторно немаше победник, натпреварот заврши 2-2, а головите за Македонија ги постигнаа Артим Шаќири од пенал и Миле Крстев.

Последниот натпревар го одигравме во 2009 година на истото место каде што ќе играме и денес, турскиот туристички центар – Анталија. И тогаш немаше победник, натпреварот заврши 1-1, а прецизен за нас беше Горан Пандев.

Ако се погледнат квотите во Sport Life, тогаш време е да очекуваме дека денес ќе ја забележиме првата победа над Молдавија. Квотата за победа на Македонија е 1.75, додека за победа на Молдавците, што воопшто не сакаме да се случи, квотата е 4.85.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести