Време е за сериозна кошарка

Стартот на втората фаза на Мундобаскетот носи неколку интересни средби уште во првиот ден. Предвидени се осум дуели, од кои четири се во главната фаза, додека останатите разигруваат за местата 17-32.

Возбудувањата започнуваат во 10 часот, со пресметката меѓу Полска и Русија, во која Зборнаја ја има фаворитската улога иако Полјаците досега одиграа без грешка. Половина час подоцна, Порторико ќе се соочи со силниот состав на Србија.

Аргентина против Венецуела е јужноамериканското дерби кое е закажано во 14 часот, додека во 14:30 се очекува спектакл меѓу репрезентациите на Шпанија и Италија.

Четирите натпревари од фазата на елиминираните се: Ангола – Иран (10ч), Нигерија – Брегот на Слоновата Коска (10ч), Кина – Јужна Кореја (14ч) и Тунис – Филипини (14ч).

- Оглас -

Најнови вести