Време е за светски блесок на Македонија против Романија

Македонската ракометна репрезентација денеска од 19 часот ја игра првата од двете бараж-средби против Романија во рамките на квалификациите за Светското првенство.

Момците предводени од Кирил Лазаров во арената „Борис Трајковски“ ќе бараат што поубедлива победа над ривалот со цел полесен и помирен реванш во Букурешт за два дена. Црвено-жолтите се во серија од три порази и тие датираат од претходото Европско првенство, но за оваа средба сме значително засилени со играњето на капитенот Лазаров.

А тука е и Стојанче Стоилов, којшто мораше да ја пропушти завршницата од ЕП поради позитивен тест на ковид-19.

Целта е јасна, а таа е победа со што поголема разлика, додека квотите на Sport Life сугерираат дека Македонија е апсолутен фаворит на оваа средба. Кецот изнесува 1.25, а хендикепот за нас е -3.5 погодоци и има коефициент од 1.80.

Во последните четири години, имавме три средби со Романците, на кои имавме две победи и еден пораз. На домашен терен, пак, Македонија го совлада денешниот ривал со 32:24 исто така во рамките за бараж-средбите од СП.

Подобриот од овој двомеч ќе се соочи со Чешка, по што ќе се играат нови натпревари за конечниот пласман на СП, кое ќе се одржи во Полска и Шведска.

- Оглас -

Најнови вести