Поранешниот фудбалер на Барселона и репрезентативец на Бразил, Дани Алвес, е ослободен од сите обвиненија за силување. Ваква одлука донесе Врховниот суд на Каталонија откако претходно Бразилецот беше осуден на четири и пол години затвор.
Дани Алвес мина една година зад решетки, а потоа беше ослободен со кауција додека ја чекаше одлуката на второстепениот суд. Тој тогаш најави дека борбата не е завршена и неговиот адвокатски тим работи на негово комплетно ослободување од сите обвиненија.
Бразилецот беше обвинет дека на 30 декември 2022 година во ноќен клуб во Барселона сторил кривично дело силување, а жртвата на настанот го пријавила случајот во полиција, а потоа и покрена тужба против поранешниот фудбалер.