Лотар Матеус е светскиот рекордер со 25 одиграни натпревари на Мундијалите, а иако не се во Топ-10, Лионел Меси и Кристијано Роналдо можат да се пробијат на врвот, ако одиграат барем 7 натпревари во Катар.
Фудбалскиот волшебник од Аргентина и португалскиот виртуоз со по 19 одиграни мечеви се на делба на 12. место на вечната мундијалска листа со најмногу настапи на светските легенди.
Зад Матеус е неговиот сонародник Мирослав Клосе, а на листата врие од Германци. Ги има дури 9 во Топ-20, или речиси половина од целата листа.
Покрај Матеус и Клосе, тука се големите легенди на германскиот и на светскиот фудбал, Уве Зелер, Филип Лам, Батсијан Швајнштајгер, Пер Мертесакер, Волфганг Оверат, Бернд Фогст и Франц Бекенбауер.
https://twitter.com/VarskySports/status/1509915993190981635?s=20&t=rl7V2OIYGaH7XIGMbyQUwA