Втор меч од финалната серија: Струмица и УГД Штип во нова неизвесна битка (Фото)

Во салата „Парк“ во Струмица вечерва од 19 часот ќе се одигра вториот натпревар од финалната серија на домашниот одбојкарски плејоф. Бранителот на титулата, ОК Струмица, со предност од 1-0 во победи го пречекува предизвикувачот Штип УГД на домашен терен.

По убедливиот настап на првиот меч во Штип, струмичани ќе се обидат да забележат и втора победа, со што би дошле само на чекор до нова шампионска круна и продолжение на доминацијата на македонската одбојкарска сцена.

Штипјани, кои сезонава блескаа со освојување на титулата во Купот на Македонија, најавија дека нема да се откажат од шампионските амбиции.

Ова е неизвесен дуел, а тоа го покажуваат и квотите во Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести