Втор пораз на Македонија Ѓорче Петров сезонава, густо е при врвот во Втората лига

Победата на Башкими на дерби гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров од 1-0, внесе дополнителна неизвесност во трката за првите две места на табелата во Втората фудбалска лига кои директно водат во прва лига.

После денешните мечеви, Лавовите од Ѓорче останаа први и засега се сигурни таму, но немаат многу простор за опуштање ако сакаат да се задржат на врвот. Денеска го примија само шестиот гол сезонава на 17 меча, но тој примен гол беше кобен за нив. Штипска Брегалница има четири, Башкими пет, а Арсими осум бодови помалку од лидерот.

РЕЗУЛТАТИ: Арсими – Охрид 1-1, Беласица – Вардар Неготино 4-0, Борец – Победа 0-1, Брегалница – Новаци 3-1, Детонит Плачковица – Каменица Саса 1-2, Скопје – Осогово 0-0, Кожуф – Вардарски 1-0, Македонија Ѓ.П. – Башкими 0-1.

- Оглас -

Најнови вести