Како што се доближува крајот на сезоната во Втората лига, така битката за првите две места кои водат директно во елитата, како и за третата позиција која води во бараж за ПМФЛ, станува сѐ поинтересна. Денеска се играат натпревари од 24-то коло во второлигашката конкуренција, кои започнуват од 16 часот.
Лидерот, тимот на Македонија ЃП, гостува кај Кожув во Гевгелија. Лавовите од Ѓорче Петров сакаат победа за останување на врвот на табелата. Второпласираниот тим на Башкими гостува кај Саса во Каменица.

Арсими и Брегалница исто така се во трката за пласман во елитата. Тимот од Чегране гостува на „Автокоманда“ во Скопје, а Брегалница игра против Вардар Неготино на гости. Дел од натпреварите од Втората лига ги има и во понудата на Sport Life.
Еве ги сите двојки за денешното 24. коло: Кожуф – Македонија ЃП, Вардар Неготино – Брегалница, Детонит Плачковица – Борец, Новаци – Победа, Скопје – Арсими, Осогово – Беласица, Вардарски – Охрид, Каменица Саса – Башкими.