Втора МФЛ: Македонија ЃП и Брегалница стартуваа со победи

Македонија ЃП и Брегалница, екипите кои минатата сезона испаднаа од елитата, со победи ја стартуваа сезоната во Втората лига.


Македонија ЃП славеше на домашен терен со 2-0 против Охрид. Крсте Велкоски од пенал и Симеон Христов ги постигнаа головите за домашиот тим.

Брегалница оствари триумф против Победа со 2-1. Штипјани поведоа со голот на Иван Глигоров во 20. минута, a Абази во 53. минута зголеми на 2-0. Дамјан Ангелкоски во 67.минута беше стрелец за Победа.

Арсими со 4-2 ја победи Беласица, а Новаци го изненади Детонит Плачковица во Радовиш и триумфираше со 2-4.

Вардар Неготино на гостински терен славеше против Осогово со 1-2. Кожуф и Каменица Саса ремизираа 2-2, а ист еше резултатот и на мечот меѓу Скопје и Вардарски на „Автокоманда“.

Борец и Башкими ќе го одиграат својот натпревар од првото коло на 20. август.

- Оглас -

Најнови вести