Втора шанса за подарок го израдува Цветан со нов Ајфон 13

Во периодот од 30-ти ноември до 30-ти декември 2021 година, Sport Life ја организираше играта Втора шанса за подарок каде што Цветан Крстески си го освои прекрасниот Ајфон 13.

Тој во овој период имаше 74 тикети со промашен еден пар а на крајот „несреќата“ која што го пратеше во овој период, му го донесе прекрасниот телефон.

„Редовно ги пратам сите игри и промоции што се од Sport Life и благодарение на нивниот сајт, многу ми е полесно да направам тикет, или пак да учествувам во игрите што ги нудат. Благодарен сум им на овој поклон кој многу ме израдува“ започна Цветан.

ФИКСОВИТЕ, ВАРДАР И БАРСЕЛОНА МУ СЕ ОМИЛЕНИ

„Фудбалот и кошарката ми се омилени спортови за обложување, додека омилени ми се фиксовите.

Го пратам речиси секој спорт, од кошарката играм и Евролига и НБА во зависност што има тој ден.

Омилени клубови ми се Вардар и Барселона, иако во последно време и двата тима играат навистина лошо ама се надевам дека ќе ја пребродат кризата.

Пред да го уплатам тикетот, редовно се консултирам со жената и децата, бидејќи неколку мозоци се попаметни од еден. Тоа е вистинската формула за добивка“ додава редовниот играч.

СПОРТСКАТА ПРОГНОЗА ЈА ИГРА ОД ПОРАНЕШНАТА ДРЖАВА, А СЕГА УЖИВА И ПРЕКУ SPORT LIFE

Цветан ја обожава спортската прогноза и своевремено од поранешната држава има погодено 13-ка со што има освоено убава добивка.

Денес, Sport Life на своите верни играчи им нуди шанса да уживаат во оваа игра и да се натпреваруваат за вредни подароци.

„Спортска прогноза играм од времето на Југославија, а тогаш успеав да погодам 13-ка што во денешни пари тоа би вредело околу 10 илјади евра. 

Денес, ја играм таа во организација на Sport Life и навистина уживам па и се надевам дека ќе дојдам еден ден и таму до Ајфонот“ вели Крстески.

ТИПСТЕР ШАМПИОНОТ МАРИЈАНЧО ОСВОИ И ТЕЛЕВИЗОР

Тој што е упорен доаѓа до навистина вредни подароци, а така е и случајот со Маријанчо Ристески кој што беше типстер шампион за ноември, a сега заврши на втората позиција и си доби 55 инчен смарт Самсунг телевизор.

Марјанчо на крајот заврши со 68 тикети со еден промашен пар, додека третопласиран беше Богоја С, кој на крајот со 40 тикети со еден утнат пар си освои 500 илјади СЛ маркет поени.

- Оглас -

Најнови вести