Победата од 4-2 во полуфиналето на Лигата на нации им го донесе второто големо фудбалско финале на Хрватите по она на Мундијалот во Русија пред пет години.
Хрватска во неделното финале на Лигата на нациите ќе игра со Шпанија или Италија, кои утревечер ќе водат битка за пласман во финалето.
Коцкестите имаат сребро од СП во 2018 година, бронзи од СП во 1998 и 2022 година и веруваат дека дојде време да се закитат и со едно злато, по што Лука Модриќ би можел и да ја заврши и да ја круниса својата репрезентативна кариера, иако според тоа како што игра, веројатно нема да му биде проблем да се појави на Европското првенство следната година.