Европската ракометна федерација ЕХФ, второ коло по ред во Лигата на шампионите за најдобра одбрана во колото рангираше одбрана на македонскиот голман Никола Митревски. Митревски на феноменален начин ги спречува противниците да му дадат гол, а признанието доаѓа и од ЕХФ, па голманот на Порто повторно е со најатрактивна одбрана.
Во минатото коло, Митревски имаше неверојатна одбрана со глава против ПИК Сегед, а сега се прослави против Вардар 1961. Иако требаше да брани за португалски против македонски тим, средбата заврши нерешено, а Митревски најпрофесионално си ја заврши работата, и се истакна со двојна одбрана во финишот на првото полувреме против неговиот лански клупски колега Ловро Јотиќ.
https://twitter.com/i/status/1319579318230548481