Одбраната на Митревски е број 1, голот на Столе втор најубав (Видео)

Погодокот на Стојанче Стоилов не е најубавиот во изборот на ЕХФ за најубав погодок во четвртото коло во Лигата на шампионите, иако капитенот на Вардар 1961 синоќа против Фленсбург постигна ретко виден гол. Голот на Столе е само втор во рангирањето, зад погодокот на Лук Абало на мечот ПСЖ – Елверум. Французинот игра за данскиот тим и даде атрактивен гол со шут од зад грб.

Затоа, пак, немаше никакви дилеми која е најдобра одбрана во колото. Првото место е за македонскиот голман  Никола Митревски, кој на феноменален начин, со глава ја заштити својата мрежа на мечот помеѓу Порто и Пик Сегед.

Ова се петте најубави голови во колото од ЛШ:

- Оглас -

Најнови вести