Пари Сен Жермен втор натпревар по ред не успева да победи во првенството на Франција. По ремито со Нант (1-1) на домашен терен, тимот на Луис Енрике вечерва одигра меч без голови на гостувањето против Оксер.
Витиња ја имаше најубавата шанса за ПСЖ, а Траоре се закани кон голот на гостите. Сепак, Донарума не дозволи да биде совладан.
И покрај новото реми, ПСЖ е сигурен лидер на табелата во Франција со 34 бода, осум повеќе од Олимпик Марсеј и од Лил.