Второто место на Франција донесе „пекол“ и за Португалија, Германија и за Шпанија

Австрија е победник на групата Д на Европското првенство, а во осминафиналето поминуваат и Франција од второто и Холандија од третото место. Ова е исходот по лудите натпревари во последното коло во кои Австрија ја победи Холандија со 3-2, а Франција одигра нерешено 1-1 со Полска.

Падот на Франција на втората позиција донесе „пеколен“ распоред во понатамошниот дел од натпреварувањето. Сега во тој дел се наоѓаат четири големи фаворити – Португалија, Германија, Франција и Шпанија, а можно е да им се приклучи и Англија доколку не ја освои својата група.

Другиот дел од костурот засега изгледа како вистински џекпот. Се знае дека една осминафинална двојка е мечот Италија – Швајцарија, а единствената засега позната репрезентација во тој дел од костурот е Австрија.

 

 

- Оглас -

Најнови вести