Вторпат игра за Данска и даде 10 гола

Матијас Гидсел со 10 гола од 11 шута, беше јунак во победата на Данска над Бахреин од 34-20 на Светското првенство во ракомет. Победата на Данците е очекувана, но не се очекуваше едно 21-годишно момче кое само вторпат игра за националниот тим, да даде дури 10 голови со над 90 отсто реализација на шутевите.

Сите кои се обложуваат на голови на ракометари, треба да обратат внимание на Гидсел.

Унгарците ја оправдаа фаворитската улога против Зеленортските острови и победија со 34-27, а Полска се намали со Тунис и триумфираше 30-28.

- Оглас -

Најнови вести