Србија нема да игра на фудбалското Европско првенство следната година, па бидејќи нема да може да навива за своите, претседателот Александар Вучиќ објави дека ќе навива за Македонија, а верува дека и целиот српски народ ќе ги поддржи Црвено-жолтите кои во јуни за првпат треба да учествуваат на ова големо натпреварување.
„На сите граѓани на Македонија им го честитам историскиот успех и пласманот на фудбалската репрезентација на Европско првенство. Ние, граѓаните на Србија, со цело срце ќе бидеме со вас“ – напиша Вучиќ на „Инстаграм“.
Вучиќ денеска и во изјава додаде дека тоа го напишал од срце бидејќи Србија нема никој поблизок за кој би можела да навива на ЕП.
„Навистина го кажав тоа што го мислев, а тоа е дека со цело срце ќе бидеме со нив, Не знам кој би ни бил поблизок од нив од улесниците на првенството, па да навиваме за некој друг. Така што, Македонците ќе имаат огромна поддршка, никогаш поголема“ – изјави српскиот претседател.
Ова е честитката на Вучиќ испратена преку на „Инстаграм“.