Вучиќ најави дека ако треба ќе ја стави во затвор ѕвездата на Реал Мадрид

Лука Јовиќ, фудбалерот на Реал Мадрид, може да заврши и во затвор во Србија, доколку не го почитува полицискиот час кој е воведен во земјата. Јовиќ од Мадрид пристигна во Белград и веднаш се најде во центарот на вниманието откако беше забележен како шета надвор, во време кога трае полицискиот час.

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, рече дека некои фудбалери кои дошле во родната земја од ризични земји не ги почитуваат правилата кои се на сила поради Коронавирусот. Иако се спомна име,  српските медиуми шпекулираат дека мислела на Лука Јовиќ, кој игра за Реал Мадрид, а токму во Шпанија деновиве многу расте бројот на заразени.

Обвинителството поднесе кривични пријави против неколку лица во Србија за непочитување на здравствените прописи, а меѓу оние на кои им се заканува затворска казна е и фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ.

Со тоа што доаѓа од ризичната Шпанија и користел ист базен со кошаркарот Треј Томпкинс, кој има Коронавирус, Јовиќ при доаѓањето во родната земја мораше во самоизолација, а не да се шета низ Белград и да оди на роденденска забава на девојка му Софија Милошевиќ. Казната за Јовиќ може да биде парична (150.000 динари) или до три години затвор.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва повтори дека ниту милионите на некои луѓе нема да бидат доволни да ги спасат да не завршат во затвор.

„Овие млади луѓе кои се милионери мислат дека можат да направат сѐ, е па не може да се направи сѐ. За нас, животот на старите луѓе, но и на сите останати ни се многу поважни. Сите оние кои нема да го почитуваат законот ќе добијат казна“, рече Вучиќ.

 

- Оглас -

Најнови вести