Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, очекува од Регионот да навива за Србија на Мундијалот, а меѓу нив се и Македонците.
Популарните Орли вечерва од 20 часот ќе го почнат настапот на Светското првенство со дербито против Бразил.
Кариоките се меѓу главните фаворити за титулата, но и Србија има одлична репрезентација, па се очекува спектакуларен меч.
Премиерниот од оваа група заврши со победа на Швајцарија од 1:0 против Камерун.
„Очекувам и нашите браќа Македонци да навиваат за Србија, како што ние навиваме за нив кога играа на Европското првенство“, рече претседателот на Србија.