Веселин Вујовиќ „експлодира“ врз судиите од Австрија по неколку сомнителни одлуки во штета на Вардар.
Нашиот првак доби две исклучувања во период од само неколку секунди, кои мора да се признае дека беа дискутабилни, и тоа го полуде тренерот, кој со право реагираше, но доби и жолт картон.
Сепак, тоа беше краткотрајно бидејќи Вардар се врати во колосек и по 44 минути има водство од 25:21.