Вујошевиќ: Ако навистина Патријархот го убедувал Миротиќ да не оди во Партизан, тогаш тешки игри се во прашање

Во српската јавност се шпекулира дека Патријархот на Српската православна црква, Порфириј, бил човекот кој го премислил Никола Миротиќ да не потпише за Партизан на кого му имаше дадено збор дека ќе му се придружи.

Миротиќ кажа дека не сака да игра во Србија за да не создава поделби и дека имал закани, а тие не биле од Црвена ѕвезда. Сега се зборува дека поглаварот на СПЦ кој навива за Ѕвезда, го убедил Миротиќ дека не е добро да игра за Партизан и да го дели српскиот народ каде голем број луѓе навиваат за едниот или другиот белградски ривал.

Легендарниот тренер Душко Вујошевиќ кој најголемите успеси ги имаше со Партизан, рече дека не сака да верува оти е вистина тоа што се зборува, но ако навистина Патријархот му се јавил на Миротиќ и барал од него да не потпише за Црно-белите, тогаш тешки игри се во прашање.

- Оглас -

Најнови вести