Некогашниот тренер на Партизан, Душко Вујошевиќ, се пожали дека мора да плаќа карта за да влезе во салата и во живо да ги гледа мечевите на Црно-белите. Вујошевиќ откри дека последен пат кога бил да го гледа Партизан тоа било затоа што добил карти директно од Жељко Обрадовиќ и седел во вториот ред, веднаш зад клупата на Партизан.
„Во други ситуации навистина немало да ми е важно во кој ред седнувам, но бидејќи се работи за Партизан, јас можам да седам исклучиво во првиот ред. Ако тоа нив им прави прблем, јас еве го отворам проблемот“, рече Вујошевиќ, кој го впери прстот кон првиот човек на Партизан, Остоја Мијаиловиќ.
Претседателот на Партизан веднаш му одговори на Вујошевиќ.
„Еве јас потврдувам, точно е дека на Дуле му дадовме две карти затоа што Жељко ми го предложи тоа и јас прифатив. Морам да кажам дека секој од сопствени пари ќе треба да купи карта. Јас ги укинав бесплатните карти во првиот ред, но тоа не важи само за Дуле Вујошевиќ, туку за сите во клубот. Во првиот ред карти можат да купат само клупски спонзори и тие билети чинат 10.000 евра. Оваа година од продажба на билети заработуваме десет милиони евра. Апсолутно мислам дека неговото место е во салата и дека треба да доаѓа на мечевите на Партизан. Никој нема ништо против тоа, но едноставно правилата важат за сите“, објасни првиот човек на Партизан, Мијаиловиќ.