Вардар успеа да го изненади актуелниот европски првак Алборг со победа во Скопје со 30:28 пред дваесеттина дена и утре ќе се обиде да приреди реприза на гостински терен.
Поради здравствени проблеми нема да настапи голманот Борко Ристовски, кој беше еден од јунаците на победата на 29 септември со 15 одбрани.
„Ќе ни недостасува Борко, кој ќе отсуствува поради здравствени причини. Ќе мораме и без него да им парираме на одличните ракометари на Алборг. Во Скопје успеавме да ги сопреме, но сега ќе имаме нов и поинаков меч. Не верувам дека ќе ги повторат грешките од првиот меч, а ние не смееме да влеземе во нивниот брз ритам со контри и полуконтри. Малку сме загрижени по поразот од Монпелје.
Јавноста очекува многу од нас, секако тоа го очекуваме и ние, но тој меч покажа дека во Лигата на шампионите се игра многу квалитетен ракомет и нема лесни противници. Сигурно не одиме во Данска со бело знаме и сакаме да одиграме уште еден добар меч и зошто да не и да оствариме поволен резултат“, изјави тренерот Веселин Вујовиќ.
Вардар и Алборг ќе го играат само вториот меѓусебен меч во Лигата на шампионите, а двојниот европски првак од Македонија води со 1:0.