Вардар со 32:30 беше поразен на гостувањето кај Кил во мечот од рамките на деветтото коло од групата А во Лигата на шампионите.
Црвено-црните иако во неколку наврати западнаа во резултатска криза, на крајот успеаја да се вратат, но немаа сили за сензација среде Германија.
„Ова беше еден добар натпревар во убава атмосфера што ја има на секој натпревар на Кил.
Ситуацијата кај нас малку е депресивна бидејќи бевме блиску, но останавме без бодови. Бевме толку блиску, но на крајот толку далеку.
Натпреварот беше тежок, а Кил можеби е и најдобриот тим во Германија и Европа, се боревме, но можам да кажам дека ова е добар резултат за нашиот противник.
Мораме да останеме фокусирани на следниот меч против ППД Загреб, каде штои ќе одиме на победа“, изјави тренерот на Вардар.
Ракометниот првак на Македонија во досегашната сезона има пет освоени бода и се наоѓа на шестото место во групата.
Следниот натпревар ќе биде на 8 декември, кога во „Јане Сандански“ ќе го пречекаат ППД Загреб.