Вујовиќ збесна на тајмаут, па на еден играч му порача: Умри бе, не можам повеќе да те гледам

Загреб загуби на гостувањето кај Мешков Брест со 33:29 во меч од регионалната СЕХА-лига, а тренерот на гостите, Веселин Вујовиќ, не можеше да се воздржи поради лошата игра на своите ракометари.

Во голем дел од мечот беше неизвесно, а кога се решаваше победникот, играчите на Загреб направија неколку грешки кои беа искористени од страна на домашната екипа, па на крајот Мешков стигна до сигурна победа. Тренерот на Загреб, Веселин Вујовиќ, на еден од тајмаутите едноставно се исклучи и не можеше да се контролира, па на еден од ракометарите му порача дека треба да умре.

„Умри бе, не можам повеќе да те гледам“, викаше Вујовиќ.

Динамо има два порази во пет меча во СЕХА-лигата, а во Лигата на шампионите хрватскиот тим е очаен и има освоено само еден бод досега.

 

- Оглас -

Најнови вести