За пр пат во историјата на Светските првенства, сите селекции кои доаѓаат од африканскиот континент за предводници од клупата имаат домашни стратези. Честа на Африка на Мундијалот во Катар ќе ја бранат Камерун, Гана, Мароко, Сенегал и Тунис и сите имаат домашни селектори.
Мароко ќе го предводи Валид Реграгуи, на клупата на Сенегал ќе биде Ригоберт Сонг, стратег на Сенегал е Алиу Сисе, селектор на Гана е Ото Адо, а кај Тунис главната тренерска улога и изборот на стартниот тим е во рацете на Џелал Карди.
На претходните планетарни собири традиционално на клупата на африканските репрезентации биле тренери од Европа или Јужна Америка. Како за пример, на СП 2010 година во Јужна Африка имаше шест селекции од Црниот Континент, а само Алжир имаше домашен стратег. На Мундијалот во 1998 година сите пет африкански репрезентации ги водеа европски тренери.