Набил Кејта во 23-тата минута упати бомба од околу 18 метри и најави победа на Ливерпул, а предноста на новиот шампион на двапати беше по три гола разлика, а на крајот на мечот со 8 гола славеше со 5:3.
По спектаклот со вкупно 8 голови, на Ливерпул му беше доделен шампионскиот пехар, вкупно 19-ти во Англија и прв откако се игра Премиер лигата. Манчестер јунајтед е најтрофеен клуб со 20 пехари.
https://twitter.com/itsEmmelex/status/1286023074593280002?s=20
Веднаш по Кејта, нов прекрасен гол постигна Трент Александер-Арнолд, и тоа од слободен удар во 38-мата минута.
https://twitter.com/OnlyFootballCl1/status/1286026837668311043?s=20
До крајот на првото полувреме погодија и Вајналдум за Ливерпул и Жиру за Челзи, па на одмор се замина со 3:1 за новиот англиски шампион.
Во продолжението повторно имаше уште четири гола, а фестивалот со погодоци го продолжи Фирмино за 4:1 во 55-тата минута, а возвратија Тами Абрахам и Кристијан Пулишиќ и на 20-тина минути до крај гостите намалија на 4:3.
https://twitter.com/FootballGoalss_/status/1286040291712077826?s=20
Сепак, за да нема грижи за победа во ноќта во која им беше доделен и шампионскиот пехар, се погрижи Окслејд-Чемберлен со гол за финиш на ревијата од голови и победа на Ливерпул од 5:3.
Ливерпул на едно коло до крајот е убедлив лидер со 96 бода, а 19-тиот шампионски пехар во Англија веќе е во витрините на вториот најтрофеен клуб во Англија, зад Манчестер јунајтед со 20 пехари.
За Челзи мисијата останува иста и му треба реми против Вулверхемптон во последното коло за да се пласира во Лигата на шампионите.