Ведат Ибишевиќ комплетно го оправдува прекарот што го има, а го нарекуваат Шефот и со два прекрасни настапи во продолжението на сезоната беше меѓу најзаслужните за летечкиот рестарт на Херта со две победи и гол-разлика од 7:0.
Напаѓачот на тимот од Берлин постигна по еден гол на дуелите со Хофенхајм и со Унион Берлин и имаше и две асистенции во големото градско дерби завчера, па учинокот му е одличен, два гола и две асистенции.
Ведат ја скрои победата од 3:0 против Хофенхајм во првото коло по паузата поради Коронавирус, или вкупно 26. рунда во Бундеслигата, а завчера беше брилијантен и со гол и две асистенции и главен режисер за триумф од 4:0 против Унион Берлин.
„Шефот игра во стил на прекарот што го има. Бруно Лабадија успеа да го извади најдоброто од Ибишевиќ, играч кој е меѓу најдобрите по долгата пауза“, пишуваат германските медиуми.
За разлика од него сега Босанците имаат и Пацер во Бундеслигата, а се работи за Ермин Бичакчиќ, стоперот на Хофенхајм. Беше резерва со Херта при кам-бекот на германското првенство, а вчера направи кардинална грешка против Падерборн. Успеа во чиста ситуација да му ја додаде топката на противничкиот напаѓач Денис Србени, кој погоди и израмни на 1:1 за по еден бод за двете екипи.
https://twitter.com/TalkNorwichCity/status/1264190836700524545?s=20
„Бичакчиќ ја продолжи пацерската серија на Хофенхајм“, објави „Кикер“, со алузија на уште една голема грешка што ја направи Акпогума на претходниот меч против Херта.
И Ибишевиќ и Бичакчиќ имаат играно за репрезентацијата на Босна и Херцеговина, а Ведат со 83 настапи е меѓу играчите со најмногу мечеви за националниот тим. Се прости од настапите за БиХ во 2018 година.
Бичакчиќ се уште игра за својата земја и досега забележа 34 настапи.