За Диего Коста не постои пријателски натпревар (видео)

Атлетико Мадрид вчера славеше над Јувентус со 2-1 во пријателската пресметка од Интернационалниот куп на шампиони. На средбата која се одигра во Стокхолм, блескаше младата ѕвезда Жоао Феликс, но еден момент во 83-тата минута остави црна дамка врз спектаклот на минатосезонските ривали во осминафиналето од Лигата на шампионите.

При дуел на Диего Коста и Демирал во обид да се стигне топката, двајцата претераа со грубоста, а голгетерот на Атлетико се осмели со тупаница да замавне кон турскиот дефанзивец. Судијата не го виде тој момент, па Бразилецот со шпански пасош помина без санкција. Иако станува збор за пријателска средба, очигледно тоа не важи за насилниот Коста.

- Оглас -

Најнови вести