За Елмас 15 минути во поразот од Јуве, дуото Лу-Ла за +11 на Интер (видео)

Јувентус славеше со 2-1 во презакажаното дерби против Наполи во кое Елиф Елмас ги одигра последните петнаесетина минути. Македонскиот фудбалски бисер влезе на местото од Мертенс во во 76-тата минута, во моменти кога победникот речиси да беше познат, со оглед на тоа дека гостите немаа идеја како да остварат резултатски камбек.

Роналдо и Дибала барем за кратко му ја сочуваа работата на Андреа Пирло на клупата на Бјанконерите бидејќи ултиматумот за Пирло поставен од упрвата беше да се оствари победа во ова дерби.

Португалецот стрелаше во 13-тата минута за свој 25-ти овосезонски гол во Калчото, додека Дибала како џокер од клупата ги осигури трите бода во 73-тата минута. Инсиње од пенал во последната минута од регуларните 90 намали на 2-1, но тоа беше максимумот што го покажа составот на Гатузо.

Со оваа победа Јувентус дојде само на еден бод заостаток зад Милан, кој има 60 бода по 29 меча.

Интер ја оствари 10-тата последователна победа во Серија А со конечните 2-1 против Сасуоло. Избраниците на Антонио Конте сега имаат +11 бода предност во однос на Милан и сигурно чекорат кон освојување на Скудетото, на кое чекаат повеќе од една деценија.

Лукаку во 10-тата минута ја отвори средбата, а потоа белгиската ѕвезда асистираше до Лаутаро Мартинес во 67-мата минута за двојна предност на Интер. Почесниот гол за гостите го забележа Траоре во 85-тата минута.

https://twitter.com/geeenn88sgooal/status/1379860336501735432

- Оглас -

Најнови вести