Шкендија доби казна за инцидентите на мечот со Шкупи

Натпреварувачката комисија при Фудбалската федерација на Македонија го суспендира теренот на ФК Шкендија и го предаде клубот на дисциплинска комисија. Дисциплинската комисија ќе одлучува за мерките кои ќе бидат преземени за тоа што се случуваше на дуелот во Тетово меѓу Шкендија и Шкупи.

Гостите од Чаир во Тетово допатуваа како нови шампиони на Македонија, но уште пред да почне средбата, имаше инциденти. На гостинските навивачи не им беше дозволено да патуваат во Тетово, а фудбалерите на Шкупи беа нападнати со факел пред да влезат на стадионот.

Инциденти имаше и за веме на мечот. Фудбалерите на двата тима беа воинствено расположени, а од трибините беше фрлано со меки и тврди предмети. Еден од тие предмети заврши во еден од линиските судии.

На крајот дуелот, кој имаше над 20 минути судиско продолжение, заврши без погодоци.

- Оглас -

Најнови вести