Македонската репрезентација задутре попладне гостува кај Исланд во квалификациите за СП 2022, а цените на билетите за овој меч во Рејкјавик се движат од 11,6 до 50 евра. На стадионот „Лаугардалсволур“ кој има капацитет од 9.800 седишта, ќе треба да се почитуваат и здравствените протоколи, објавија организаторите.
Мечот е важен за двата тима, победа ги доближува до битка за место на СП или во баражот, а пораз или реми ќе биде чекор назад. На Исланѓаните не им е важно кој гостува, цените на билетите секогаш се „солени“ за македонски прилики, но може да се очекува добра посета.