Фали Рамадани сè уште не успева да му ја намали отштетата на Калиду Кулибали, која ја бара Наполи за одличниот стопер, а неофицијално се движи околу 90 милиони евра, а на попуст чекаат четири европски гиганти.
Тетовецот му е застапник-менаџер на Кулибали, а на попуст не се надева само Манчестер сити, туку и Ливерпул, Манчестер јунајтед и Пари Сен Жермен.
Наполи имаше шанса да го продаде Кулибали за сумата што ја бара, но ја одби понудата на Манчестер јунајтед пред пандемијаат со ковид-19. Потоа и поради кризата клубовите нудат многу помалку пари, па сега се надеваат и на пониска цена што би требало да ја платат за 29-годишниот стопер.
Манчестер сити е најконкретен, но е далеку од договор со Де Лаурентис, кој не попушта. Целта на популарните Граѓани е комплетно да ја реновира дефанзивата на стоперските позиции и да ги спои Кулибали и Нејтан Аке, фудбалер што го купи пред некој ден од Борнмут за 41 милион фунти.