За Ливерпул – Тотенхем, вреди да се одложи и венчавка

Еден навивач на Ливерпул кој имаше закажано свадба за 1 јуни, ја одложил венчавката, затоа што сака в сабота да го гледа финалето од Лигата на шампионите, во кое неговиот омилен тим ќе се судри со лондонски Тотенхем.

Пред почетокот на сезонава, веројатно никој не можеше да претпостави дека во финалето во Мадрид ќе играат Ливерпул и Тотенхем, но после неколку спектакуларни мечеви, особено во полуфиналето, овие два тима заслужија да се најдат на завршниот натпревар. Кај фановите владее неверојатна еуфорија, а најчист пример за фанатизам е еден поддржувач на Ливерпул кој си ја одложи свадбата.

Наместо на 1 јуни, тој ќе се жени на 3 август.

„Ако се венчававме сега, тоа за нас ќе беше ноќна мора во финансиска смисла. Не сакавме членовите на семејствата да го пропуштат венчавањето поради патување во Мадрид, бидејќи знам дека многу од нив ќе одат да го гледаат финалето. И јас не сакам да го пропуштам финалето. Разговарав со вереницата, одлучивме дека најдобро е да ја одложиме свадбата за трети август“ – вели идниот младоженец.

- Оглас -

Најнови вести