За Лука Дончиќ нема да има одмор, летово ќе игра за Словенија во квалификациите за ЛОИ

За разлика од некои други кошаркари, за Лука Дончиќ не постојат дилеми дали ќе игра за репрезентацијата. Словенецот иако ќе игра во финалето на НБА-лигата со Далас, сепак одлучи дека летово ќе настапи на квалификациите за Летните олимписки игри, а потоа и на самата Олимпијада доколку Словенија обезбеди пласман.

Тој на репрезентацијата на Словенија ќе ѝ се приклучи по 17-ти јуни, односно по завршувањето на финалната серија во НБА-лигата, а квалификацискиот турнир во Грција ќе се одржува од втори до седми јули. Словенија е во група со Хрватска и Нов Зеланд, а потоа ќе вкрсти со некоја од екипите во другата група, каде што се Грција, Египет и Доминиканската Република.

Лука Дончиќ веќе четврти пат по ред и покрај големите напори во НБА-лигата, летниот одмор ќе го искористи за да настапи за репрезентацијата на Словенија.

- Оглас -

Најнови вести