Екипата на Белграно на две кола до крајот од аргентинската втора лига ја слави шампионската титула и враќањето во елитата.
Како што пишувавме вчера, над 20 илјади фанови на трибините го проследија мечот против Браун, и тоа на гостински терен, а потоа следуваше големо славење, кое, за волја на вистината, малку фалеше да биде трагично.
Додека играчите и стручниот штаб ја правеше шампионската парада, автобусот во кој што беа поминуваше под мост. Тие во последен момент успеаја да се наведнат и практично да спасат „жива глава“.
Погледнете колку блиску и страшно изгледаше сето тоа.
Pudo ser una tragedia: en medio de la caravana, el colectivo con jugadores de #Belgrano pasó “raspando” el puente de Circunvalación y Juan B. Justo: pic.twitter.com/VJgbt2yVds
— Canal 10 Córdoba (@canal10cba) September 27, 2022