За малку ќе го избркаа, сега ќе им донесе богатство од 15 милиони евра

Умар Садик вреди над 15 милиони евра, вели тренерот на Партизан, Саво Милошевиќ, а речиси е сигурно дека 23-годишниот напаѓач веќе ова лето ќе направи трансфер со кој ќе им донесе вистинско богатство на „црно-белите“.

„Не ми веруваа кога изјавував дека Садик вреди 15 милиони евра. Сега мислам дека и цената за негов трансфер ќе биде и повисока“, вели Милошевиќ.

Садик беше критикуван за несериозен однос, откако лани на мечот со Молде, лани во Европа Лигата, кога беше заменет, а потоа си зборуваше на мобилен телефон качен на ограда на стадионот.

Сепак Партизан имаше верба во квалитетот на 23-годишниот Нигериец и го откупи договорот што Садик го имаше со Рома, што се покажа како топ-потег.

Умар одигра одличен меч во полуфиналето на Купот на Србија против вечниот ривал Црвена Ѕвезда, а долго ќе се памети неговиот потег и „лажњак“, кога го исфрли од игра Дегенек и потоа асистираше за победничкиот гол што го одведе Партизан во финалето.

Српските медиуми веднаш потоа објавија дека Партизан има сериозни понуди за Нигериецот, а цената вртоглаво порасна и според Милошевиќ е и над 15 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести