Циркус во Лигата на Европа – Играше едно полувреме, во второто зборуваше на телефон (Фото)

Нигериецот Умар Садик го одигра првото полувреме за Партизан против Молде, во првиот меч од плејофот за настап во Лигата на Европа, а во второто беше фотографиран на една од трибините како зборува на телефон.

Фотографијата со играчот на Рома, кој настапува за Партизан како позајмен играч стана вирален хит на социјалните мрежи, но сега Садик е соочен со казна од клубот. Однесувањето му е непрофесионално, особено што Партизан ја бие клучната битка против Молде за продолжување на европскиот престој.

 

Садик во јули пристигна во Партизан како позајмен играч од Рома, со опција „црно-белите“ да го откупат неговиот договор од Римската волчица. Беше еден од јунаците во победата против Јени Малатија од 3:1 во претходната рунда и го постигна првиот гол на мечот во Белград, но очигледно е и дека има проблеми со дисциплината.

Дел од навивачите на Партизан остро го критикуваа ваквиот однос на Садик, кој беше заменет во 46-тата минута на дуелот со Молде што српскиот претставник го доби со 2:1. Има и доста што се шегуваат со постапката на младиот Нигериец, кој има само 22 години.

- Оглас -

Најнови вести