За него само небото е граница: Нов светски рекорд во скок со стап (Видео)

Арманд Дуплантис уште еднаш потврди дека е најдобриот атлетичар во скок со стап во историјата откако повторно го сруши сопствениот светски рекорд. На Светското атлетско првенство во Јуџин, Дуплантис успеа да прескокне шест метри и 21 сантиметар.

За 22-годишниот Швеѓанец ова е прво мундијалско злато, а го имаше обезбедено уште кога прескокна шест метри затоа што второпласираниот Крис Нилсон од САД прескокна 5,94 сантиметри. На третото место заврши Ернест Џон Обиена од Филипини, кој исто така прескокна 5,94 метри, но тој тоа го направи во вториот обид, па затоа остана зад Нилсон.

За новиот светски рекорд, Дуплантис заработи бонус од 100.000 долари.

- Оглас -

Најнови вести