Жозе Мурињо направил невиден пропуст во периодот кога го предводеше Манчестер јунајтед. Во зимскиот преоден рок во 2018 година, Црвените ѓаволи не влегле во трката за потписот на Вирџил Ван Дајк, кој тогаш ги бранеше боите на Саутхемптон, а заврши во редовите на Ливерпул за 75 милиони фунти.
А, зошто Јунајтед не се обиделе да го купат Холанѓанецот кој прерасна во еден од најдобрите стопери на светот? По препорака на самиот Мурињо. Португалскиот стратег одлучил дека не му требал Ван Дајк бидејќи бил задоволен од одбранбениот тандем Баи-Линделоф.
Ливерпул тогаш немаше конкуренција за потписот на Ван Дајк, а откако пристигна на „Енфилд“, курпулентниот стопер направи голем искечкор во кариерата. Двапати играше во финалето од ЛШ, едно загуби, а во едно победи и стана европски првак. Ја освои наградата за најдобар играч во Премиер лигата за минатата сезона, додека пред неколку дена беше прогласен за најдобар играч според УЕФА за 2019 година, а Ван Дајк уште е во конкуренција за престижната награда на ФИФА „The Best“.
Целиот овој успех Ван Дајк го оствари за една и пол сезона, додека Манчестер јунајтед во меѓувреме потроши 10 милиони фунти повеќе од вредност на Холанѓанецот за да го купи Хери Мегваер, англискиот репрезентативец и поранешен играч на Лестер и Хал сити.