Проектот за изградба на нов стадион во Милано во населбата Сан Донато сега одеднаш стана „план Б“ и претседателот на Милан, Паоло Скарони, се залага за уривање на сегашниот стадион „Сан Сиро“ и изградба на нов на истото место.
Фудбалските клубови Милан и Интер заедно работат на ова.
„Сан Сиро не е икона, икони се Милан и Интер. Сте виделе ли модерен стадион? Луѓето треба да сфатат дека веќе не е функционално да се гледаат натпревари на стадион на кој оделе и нивните дедовци и татковци. Проектот Сан Донато станува план Б откако надзорот го елиминира ограничувањето за изградба на нов стадион ‘Сан Сиро’ кој мора да се урне“, рече Скарони.
Пред неколку недели Скарони откри дека планот е да се изгради нов стадион во Сан Донато и дека Милан инвестирал 40 милиони евра за откуп на земјиштето таму, го убеди градоначалникот на Милано дека тоа е вистинското место за нов стадион.