Фудбалскиот клуб Го Ахед Иглс вечерва испиша историја, бидејќи за првпат во своето постоење го освои Купот на Холандија.
Во финалето, Орлите играа со АЗ Алкмар, а финалето кое се играше во Ротердам, беше одлучено на пенали. Во регуларниот дел беше 1-1, а Го Ахед Иглс даде гол за спас од пораз во 99-та минута од пенал.
Го Ахед Иглс четири пати бил првак на Холандија, но последен пат пред дури 92 години, а ова им беше второ куп финале по загубеното во 1965 година.
Со оваа победа, ГА Иглс обезбеди место во групната фаза на Лига Европа за следната сезона. Интересно, тие на прославата на Купот се појавија со бањарки врз дресовите.