Лајпциг денеска играше со Борусија Менхенгладбах и победи со 2-0, а Елиф Елмас не влезе во игра.
Ова е прв меч на кој Елмас откако е член на Црвените бикови, воопшто не заигра, туку цел меч остана на клупата за резерви. Во минатото коло против Аугсбург, Елмас играше 24 минути и тоа е негова рекордна минутажа во дресот на Лајпциг, неколку дена подоцна настапи и против Реал Мадрид во ЛШ, а денеска за првпат не влезе во игра.