Светскиот Франција вчера го доби дербито против европскиот шампион Португалија со минимални 1-0 во Лисабон, по што Триколорите речиси да го обезбедија пласманот во плејоф фазата.
На теренот секако најголема ѕвезда беше Кристијано Роналдо, меѓутоа капитенот на Португалците не го надополни контото од засега 102 погодоци во репрезентативниот дрес. Интересно е на Роналдо воопшто не му одговара да игра против Франција.
Од вкупно 102 гола, ниту еден не е против Франција во вкупно шест дуели во кои настапил. Овој негативен учинок е најлош за Роналдо, а во иднина ќе се види дали мегаѕвездата на Јувентус ќе го скрши овој малер, доколку добие нова прилика да се пресмета со Триколорите.