За руските власти, срамота е што им беше одземено финалето во ЛШ, а останаа и без трка во Ф1

На Русија денеска за неколку часа ѝ беа одземени финалето на Лигата на шампионите во фудбал, трката од Формула 1 шампионатот на патеката во Сочи и неколку натпреварувања во зимските спортови.

Руските власти најмногу ги заболе што останаа без финалето во ЛШ, кое требаше да биде во Санкт Петербург, но ќе се игра во Париз.

За портпаролот на рускиот претседател, одлуката на УЕФА не им се допаѓа, жалат што дошло до тоа, но ја прифаќаат. Многу покритичен кон УЕФА беше еден руски пратеник, кој смета дека Русија треба да бара отштета бидејќи многу пари се вложени во организацијата на настанот кој ќе се одржи на 28 мај. Тој додава дека во Санкт Петербург е мирно и дека конфликтот во Украина е привремен, а тргна контра против одлуката финалето да се игра во Париз.

„Франција е вклучена во некои конфликти во Африка. Зошто тоа не е проблем?“, праша Дмитри Свишчев.

Трката во Формула 1 за руското гранпри требаше за последен пат да се вози во Сочи, а од 2023 трката во Русија треба да биде во Санкт Петербург.

- Оглас -

Најнови вести