Според тренерот на следниот противник на Реал, најдобриот фудбалер на Кралевите е Лука Модриќ

Реал Мадрид во недела им се враќа на обврските во шпанската Ла Лига и за противник ќе го има Леганес. Тренерот на оваа екипа во пресрет на дуелот со Кралевите имаше малку чудна изјава во која вели дека најдобриот фудбалер на Реал Мадрид е Лука Модриќ, иако тој има полни 39 години.

„Сметам дека низ годините Лука Модриќ покажа способност да ја носи целата екипа. Ги однесе Реал Мадрид и Хрватска во висините. Секако, Винисиус и Мбапе се многу талентирани. Меѓутоа, јас го бирам Модриќ. Тој е играчиште“, вели тренерот на Леганес, Борха Хименес.

Лука Модриќ е најтрофејниот фудбалер на Реал Мадрид во историјата со 27 трофеи.

- Оглас -

Најнови вести