20.8 C
Skopje
вторник, 23 септември 2025

За тројца фудбалери кои заедно постигнаа 92 гола немаше место помеѓу десетте најдобри за Златната топка (Фото)

Иако до самиот крај имаше неизвесност, сепак Усман Дембеле очекувано дојде до Златната топка, но љубителите на фудбалот се изненадени од фактот дека помеѓу десетте најдобри немаше место за тројца врвни напаѓачи.

Хари Кејн со 26 гола минатата сезона заврши на 13-тата позиција, Виктор Ѓекереш со 39 гола беше 15-ти, додека Роберт Левандовски со 27 гола го освои 17-тото место. Тројцата заедно имаат 92 гола минатата сезона, но не собраа доволно гласови ниту да се најдат помеѓу најдобрите 10.

- Оглас -

Најнови вести