Ли Томлин на најлош можен начин ја започна сезоната во Лига 2, четвртиот по ранк фудбалски шампионат во Англија.
Во премиерното коло меѓу Бредфорд сити и неговиот Донкастер, Томлин заработи два жолти картони и исклучување во само 15 секунди.
Се играше судиското надополнување од првото полувреме, кога Томлин прво сметаше да се изведе прекин трошејќи време, за што доби картонско предупредување. Еден од противниците му пријде од позади и втурна во него, по што Томлин легна на тревата и почна да симулира повреда. Судијата веднаш му покажа и втор жолт, па фудбалерот замина порано на туширање.
https://twitter.com/itvfootball/status/1553451609920679936