За ваква сума вреди да се победи – Најскапиот меч во историјата може да донесе 300 милиони евра и се игра утре

Брентфорд и Фулам утре ќе го играат најскапиот меч во историјата, финалето на плејефот во Чемпионшип лигата што на победникот и нов премиерлигаш може да му донесе неверојатна сума од 300 милиони евра во следните пет години.

Ќе се игра нокаут меч утре на „Вембли“ од 20.45 часот, а влогот е огромен и за влез во елитен ранг ниту една друга лига не носи толкави пари.

Тоа би било вистинско богатство и за Брентфорд и за Фулам, а познатата компанија „Делојт и Туш“ објави дека сигурни пари се 160 милиони фунти за новиот прволигаш што ќе ги заработи во следните три сезони.

Сумата може да стаса и до 265 милиони фунти, или безмалку 300 милиони евра, ако победникот од плејофот успее да опстане во Премиерлигата во првата сезона како член на елитниот фудбалски ранг во Англија.

Вкупниот буџет за лани на двете екипи е помал од вкупната заработка што можат да ја остварат со победа на Вембли утре од 20.45 часот, објавија англиските медиуми.

За Брентфорд успех на култниот англиски стадион ќе значи и историски пласман во Премиерлигата, ранг на натпревари каде никогаш не играле, а за Фулам тоа би било експресен кам-бек во елитата, откако лани испаднаа од прволигашкото друштво.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести