Екипата на Вардар 1961, сепак ќе одигра еден натпревар од ракометната Лига на шампиони до крајот на оваа 2020 година. После одложувањето на дуелите со Порто и ПСЖ, се чинеше дека календарската година за вардарци е завршена, но Европската федерација ЕХФ, им закажа нив термин за гостувањето кај унгарски ПИК Сегед, а тоа е 22 декември, во 20.45 часот.
Ова е натпревар од третото коло. ЕХФ заедно со клубовите го договори терминот за одигрување на средбата што првично беше одложена поради карантинот на домашната екипа. Деновиве и ракометарите на Вардар 1961 би требало да почнат со редовно тренирање откако ќе заврши задолжителниот карантин и ќе бидат извршени потребните тестирања.
Двете екипи, и Вардар 1961 и ПИК Сегед имаат одиграно по пет натпревари од групната фаза. Вардар 1961 има еден бод повеќе од унгарскиот тим, кој освои само два бода.